top of page

(ПРЕПОРАКИ) Проф. д-р Колозова: Геополитички, наместо технократски пристап кон проширувањето на ЕУ


Извадок од студијата насловено „Геополитички, наместо технократски пристап кон проширувањето на ЕУ: Решавање на последиците од укинатото бугарско вето“. Резултат од проектот „Сојузи за ЕУ“

Пишува: Проф. д-р КАТЕРИНА КОЛОЗОВА


Европската геополитика е поим што се протега пошироко од конвенционалната употреба на терминот, пошироко од меѓународните односи и безбедносната политика. Планетарната „конкурентска предност“ на која фон дер Лајен толку често се повикува, очигледно се однесува на технолошкиот напредок, но сепак се претпоставува дека второто е категорија од геополитичка природа. Ако размерот е планетарен, тоа ја истакнува важноста на територијалната консолидација и контрола. Оттука, континентот мора да стане компактен, не само на границите, туку и одвнатре. Западен Балкан е во срцето на ЕУ, опкружен со ЕУ држави, надвор од технократските, а сепак внатре во физичките граници на ЕУ. Затоа:

  • Препорачуваме една повеќе политичка Европска комисија да преземе поактивен пристап и да спроведе систематски преглед за тоа како нејзините средства се трошат, особени преку ИПА III, кога се работи за зајакнување на граѓанското општество во Северна Македонија, Србија и Западен Балкан поопшто кажано.

  • Раздорот на граѓанските организации во Северна Македонија и ЕУ расте во текот на втората половина на 2022 година и почетокот на 2023 година, создавајќи граѓанско општество кое фаворизира Отворен Балкан и други алтернативи на пристапувањето во ЕУ, не бегајќи од тоа да ја наречат ЕУ недемократска (дури и „фашистичка“)[1] и „нешто за кое можеби ќе треба да бараме алтернатива“;[2] ЕУ и особено ДГ НЕАР, мора да спроведат темелно испитување за тоа дали нејзините средства помагаат да се изгради општество кое ги споделува истите вредности.

  • Мора да се преземе поактивен политички пристап, со поддршка на делови од граѓанските организации кои споделуваат ЕУ вредности, за да се охрабри земјата да го признае бугарското, еврејското, хрватското и црногорското малцинство во Северна Македонија, што претставува предуслов за понатамошно спроведување на процесот на пристапување. Ако ова прашање остане нерешено, целиот процес на проширување ќе биде негативно погоден.

  • Комисијата мора да работи на продлабочување на пристапот на секторска интеграција со цел постигнување целосно интегриран континент во однос на стандардите, политиките, економското и научното производство и целосната слобода на движење, накратко, ефективна целосна интеграција, дури и ако некои од државите можеби нема да имаат статус на полноправни земји-членки до 2030 година. (Ова не е модел за замена на процесот на пристапување, туку за да се забрза и дополни истиот).

[1] Александар Тодевски, „Урсула, дали Европа расчисти со фашизмот?“ - Со ваков транспарент демонстрантите ја пречекаа претседателката на Европската комисија, 24 Вести (14.07.2022), достапно на https://tinyurl.com/yc3ycekv
[2] Катерина Колозова и Тихомир Топузовски, Враќање на кредибилитетот на ЕУ и европскиот консензус во граѓанското општество во Северна Македонија (Скопје: Институт за општествени и хуманистички науки, 2023)
Извадок од студијата насловено „Геополитички, наместо технократски пристап кон проширувањето на ЕУ: Решавање на последиците од укинатото бугарско вето“. Резултат од проектот „Сојузи за ЕУ“
bottom of page